Невреме предизвика поплави во Сплит

Обилниот дожд денеска предизвика поплави во хрватскиот град Сплит, а пожарникарите испумпуваат вода пред се од објектите во јужниот дел на градот.

Надојдената вода ги поплави улиците и го отежна сообраќајот во Сплит.

– Сите служби се на терен и помагаат во санација на штетата предизвикана од енормното количество на дожд што паѓа од утрово во Сплит и околината. Ги молиме граѓаните да бидат внимателни и трпеливи, посебно во сообраќајот, се наведува во соопштението на градските власти.

Back to top button
Close