Невреме во Кавадарци, поплавени улици и подруми

Силно невреме со обилни врнежи од дожд вечерва го зафати Кавадарци, при што од невремето биле поплавени подруми од куќи и повеќе улици, информираа од Центарот за управување со кризи.

Оттаму велат дека на терен веднаш излегле екипи и се работи на испумпување на водата од поплавените подруми.

„Вечерва подрачјето на Кавадарци го зафати невреме проследено со обилни врнежи на дожд. Од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул.7-ми Септември на која во моментот 3 екипи со механизација работат на расчистување, а за испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи“,информираат од ЦУК.

Фотографии и видеа од поплавените улици во Кавадарци вечерва на социјалните мрежи објави и градоначалникот Митко Јанчев, кој ги повика сите граѓани кои имаат проблем од невремето да се јават во кол центарот на општината

 

Back to top button
Close