Невреме во Лозово

Град со големина на тениско топче уништи лозја, автомобили, соларни панели во општина Лозово. Иако лозовите насади претрпеа најмногу оштетувања, градот предизвика последици и кај други земјоделски култури и пластеници, а одлетаа и неколу кровови.

 

Градоначалникот  на општина Лозово, Бошко Цветковски вели градот удрил по повеќе села, но колку ќе чини санирањето допрва ќе се утврдува.

За утре најави одржување на вонредна средница на Советот, на која ќе се формира Комисија за проценка на штети.

За три дена ова е второ големо невреме во Лозово. Во првото настрада кров од куќа на семејство во Сарамзалино, а патиштата беа блокирани поради паднати дрвја

 

 

Back to top button
Close