Невремето урна потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски, интервенираа од ЈП Улици и патишта

Денеска екипите на ЈП Улици и патишта – Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.

Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.

Фото: тв21

Back to top button
Close