Незаконско работење во градинката „Детска радост“ во Гази Баба, градоначалникот ја разреши директорката

„Детските градинки имаат за цел згрижување на децата во предучилишна возраст и истите треба и мора да работат согласно позитивните законски прописи во Република Македонија. За жал таков не е примерот со детската градинка `Детска радост` во нашата општината. Веќе подолг временски период до мене како градоначалник на општина Гази Баба пристигнуваат информации и индиции за незаконско работење на директорката на градинката `Детска радост`“ пишува меѓудругото во Фејсбук статус градоначалникот на скопска Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Направено е прекршување на член 40 од Законот за јавни набавки. Во овој дел законските одредби упатуваат на соодветна постапка за секоја набавка чија вредност надминува 60.000 денари без ддв. Направено е прекршување на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки, односно направени се набавки каде што е надминат годишниот законски максимум за мали набавки кој изнесува до 12.000 евра во една година. Би сакал да потенцирам дека со ова е направено и прекршување на членовите 275-в и 353-в од Кривичниот законик на Република Македонија“ вели Стефковски.Тој потенцира дека „направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење“.

„Извршена е набавка на мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот“ вели тој.

„Јас како градоначалник на општина Гази Баба нема да дозволам детските градинки во Гази Баба да бидат извор на кршење на законите поради што донесов одлука за разрешување на директорката“ напиша меѓудругото Стефковски.

Back to top button
Close