Независен полициски синдикат ги тужи браќата кои на протести се закануваа со убиства на полицајци
Заработија кривична пријава двајцата браќа кои се од ромската националност, а кои пред неколку дена јавно се закануваа со убиства и немири доколку полиција се обиде да ги легитимира или да им одземе возило, заради непочитување на законските прописи.

Претседателот на независниот синдикат на полицијата, Мартин Еферов, на социјалните мрежи информираше за поднесената кривична пријава.
Инаку, еден од тужените, Рафет Мемишовски, вчера во видео изјава се извинува за завчерашните закани што ги изрече на протестот во Битола.
Вели дека бил изнервиран оти на братучед му му ја земале колата и порача дека никогаш повеќе такви закани нема да се повторат.
Се чини дека браќата од НПС сепак знаат да проценат говор на омраза, повици на насилство и знаат за ризикот истите да се реализираат потоа.
Сепак, до сега не се обратиле до браќата кога не спроведуваат соодветно пријави за родово базирано насилство кои подоцна во неколку случаи резултираа со убиство.
Не реагираат ниту кога пријавените насилници се браќа од инститицијата која ја претставуваат.
Или до браќата кои не реагираат на говор на омраза и повици на насилство од трибините на спортскоте натпревари. Кога браќата се исплашени дека од трибините ќе им сржат други, далеку подораснати на задачата.
Но, реагираат итно и едногласно тогаш кога сторителите се припадноци на најдискриминираната етничка и социјална заедница.






