Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНе го осуди објавувањето на снимките, бара истрага од надлежните

 Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди снимањето и објавувањето на разговори кои, како што посочуваат, се водени на средба

со претседателот на партијата Христијан Мицкоски одржана во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собранието.

Бараат од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите.

Во соопштението испратено до јавноста, пратениците истакнуваат дека на Јутуб се објавени само исечоци од по неколку секунди, додека средбата и разговорот со Мицковски траеле подолго.

– Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Како и досега, НПГ на ВМРО-ДПМНЕ останува транспарента кон јавноста и чесна во пристапот. Нашите заложби секогаш беа искрени и во интерес на функционални институции, се вели во соопштението.

Back to top button
Close