„Независни граѓански иницијативи“: Бараме итно носење на измените во Изборниот законик за намалување на прагот за поднесување независни кандидатски листи

Итни измени во Изборниот законик што во моментот не ги вклучува можностите за независните кандидати и кандидатски листи на претстојните локални избори побараа денеска претставници на „Независни граѓански иницијативи“: „Зелен хуман град“,Град Скопје, „Шанса за центар“, „Независни за Карпош“, „Поинаку“, Битола, „Зелените“ од Гази Баба, „Подобро за Тетово“ и „Стига“ од Струмица, Босилово и Ново Село.

Бараат да бидат вклучени во работната група на Собранието за носење на законските измени, поднесени до Министерство за правда, Собрание на Република Северна Македонија и до координаторите на сите пратенички групи во Собранието.

– Нашите барања се однесуваат на правната празнината што настана со укинување на членот од изборниот законик, со кој се подигна прагот за собирање потписи за независни листи на 1 посто, што уставниот суд го оцени како неуставен, а ние како граѓани веќе имаме искуство кандидирање на независни и со учество на истите во советите. Мислам дек анезависните прикажаа интегритет, поинакво водење политички дискусии, го подигнаа нивото на транспарентност во општините во кои делуваат, во поголема соработка се со граѓаните и пореспонзивни се на барањата на граѓаните. И тоа што веднаш пред парламентарните избори се подигна прагот на толку високо ниво, на праг што оневозможува, тоа покажува дека имаат некаков зтрав од независните. И она што кај нас е карактеристично е што политичките партии тешко постигнуваат консензус за некакви политички и државни прашања, а за оневозможување на учество на независните, брзо успеаја да го постигнат тој чекор и таа измена беше направена со заеднички барања од неколку политички партии, изјави претставничката од независните иницијативи.

Според нив, Северна Македонија со ова е на листата држави кои не покажуваат никакви демократски капацитети.

– Сметам дека на овој начин ги браниме Европските можности за активен плурализам. Сведоци сме дека политичките партии секојдневно го губат бројот на гласачи на сите избори, едвај стигнуваат до 50 % од гласачите, што е показател дека го губат кредибилитетот. Тоа треба да им биде сигнал за измени, но не за оневозможување на другите, туку за промени и внатрешни реформи. Со овие измени бараме да се пополни таа правна празнина на следните избори да ни се овозможи учество на што поголем број независни кандидати на листите, да имаме чисти и јасни услови со кои ќе настапиме. Бараме да се донесе ново законско решение. Од Министерство за правда и до Собранието бараме да не вклучат во работната група за носење на законот, бидејќи имаме искуство и знаења и сме заинтересирани. Бараме дополнително, по искуство од претходните локални избори, на кои не дозволија нашите имиња, имињата на групите да стојат на ливчето. Да бидат вратени и имињата на групите до имињата на кандидатите, додаваат од „Независни граѓански иницијативи“.

Бараат пристап до медиумскиот простор, почитување на независните листи и кандидати, како и ДИК да ни овозможи увид во избирачкиот список.

Барањата се со 50-тина потписи да се настапи на кандидатска листа, за да може да се овозможи учество и во помалите општини, зашто, велат, единствената канцеларија на ДИК во помали, рурални општини, не е секогаш пристапна за сите жители што се дисперзирани низ населените места и ги оневозможува и обесхрабрува независните кандидати да соберат потписи.

Побараа законските измени да се донесат во најбрз рок, бидејќи во јули месец изборите ќе бидат распишани.

Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ рече дека доколку не се донесат измени, мора да биде отворена, не затворена можноста за учество на независни.

– Ако не се донесат нови услови, може да се примени постоечкиот закон, секој кандидат со своја изјава и пријава да може да се смета како кандидат, се зависи од толкувањето на законот од страна на Собранието и ДИК. Круцијално е да се има единствен пристап и клучно е да се донесат измените. За нас е прифатливо со 50-тина потписи за да може да се кандидира независна листа, по Европски тренд е, Европски стандарди кадешто се отвора а не се затвора слободата во кандидирањето. Ставањето бројки и проценти ќе овозможи слобода во кандидирањето само во мал број општини. Според она што го поништи Уставен суд и се накачува бројот од 1000 на 4500 потписи, е 4.5 пати пати повеќе од потребните потписи за основање партии. Како може да бидат многу поголеми услови за независните од партиите и од што се плашат партиите зад нас? Бараме да има минимален праг 50 – тина потписи, стоиме на тоа и да се овозможи уставното право секој да може да се кандидира и да учествува во работата на локалната и националната самоуправа, додаде Јовановски.

Порача дека како независни, секогаш се сполотени и дејствуваме заедно за многу горливи теми што ги засегаат, како и денес. Целта е, рече, не само дали ние ќе можеме, туку законските измени да овозможат секој да може во иднина да се кандидира.

Back to top button
Close