Независни за Карпош“: Јакимовски јавно да се извини за недоличната атмосфера и текстот од песната кои ја згрозија јавноста

Независните советници во Општина Карпош од „Независни за Карпош“ побараа од новиот градоначалник Стевчо Јакимовски да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст од видеото од прославата кое се споделува по социјалните мрежи.

 

– Во име на нашите поддржувачи и сите жители на општина Карпош кои беа понижени со видеото кое се споделува по социјалните мрежи, бараме јавно извинување од идниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Очекуваме да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст кои ги згрозија огромен број на карпошани и луѓе во државата.

Како членови на Советот нудиме и очекуваме односот да се базира на конструктивност, пристојност, цивилизираност, како и достоинствена комуникација кон сите чинители. Ова го очекуваме не само од градоначалникот, туку и од другите членови на Советот, стои во нивната објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Back to top button
Close