Независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски-Диро ја бара поддршката за функционално и уредено Куманово

Независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци, оние кои веруваат дека градот може поинаку, кои сакаат Куманово да го видат како развиен, кои бараат подобри услови за живот. На денешната прес-конференција, независниот кандидат негираше каква било поврзаност со кој било и кажа дека зад него не стои „урбана мафија“.

-Ниту сум се слушнал, ниту сум се сретнал со Оливер Спасовски. Погледнете ги резултатите од првиот круг. Едноставно со мојата кандидатура, барем придонесов сегашните улици да бидат бекатонирани во Куманово кои беа донесени со програма. Гледајте што се случува низ цела Македонија се откажуваат независни кандидати невидено досега, но во исто време се менува и политичка слика. Левица влегува во општина Скопје, јас како независен во Куманово. Сигурен дека има доволно умни, добри, луѓе во Куманово коишто ќе дадат поддршка и нема да направат изненадување на 2 ноември туку ќе го вратат Куманово таму каде што му е местото Куманово уредно, функционално, безбедно-град на култура и град на спорт, изјави Стојковски.

Што се однесува до средствата со кои располага, Стојковски изјави дека состојбата може да се види и по самата кампања да се заклучи дека немаат доволно. Тој посочи дека сите простории за штабови, освен во „Иго Тричковиќ“ сè со поддршка на граѓаните, нема пропаганден материјал, ниту пак скапи реклами по медиумите. Независниот кандидат рече дека изработената програма со 20-тина луѓе ја презентираат на средби со кумановци и дека таа „креативна програма, ќе го оживее духот на Куманово“

Back to top button
Close