Скопје утрово на 21 место по загаденост во светот

Вчера главниот град, според специјализираната интернет страница Ајкјуер беше меѓу првите десет загадени градови во светот, односно се најде на шесто место. Утрово загаденоста е намалена, па главниот град е на 21 место.

 

Сепак тој е трет најзагаден град во Европа, по Варшава и Вроцлав во Полска. Освен во Скопје енормна загаденост синоќа беше регистрирана и во Струмица.

Back to top button
Close