НФЛ: Ријана ќе настапи на следниот „Супербол“

Националната лига во американско рагби – НФЛ објави дека Ријана ќе настапи на полувремето на „Суперболот“ следната 2023 година.

Пејачката, чии обожаватели со години го очекуваат следниот нејзин албум, неколку минути претходно на Инстаграм објави сликовито-симболична фотографија од рака којашто држи рагби-топка. Ријана, инаку, беше поканета да настапи на полувремето во 2019 година, но одби во знак на поддршка кон Колин Кеперник, кој се соочи со бурни реакции затоа што клекна за време на националната химна, протестирајќи против полициската бруталност врз Афроамериканците.

Back to top button
Close