(Видео) Ни срам, ни перде – Пеката призна дека ги вработувал сопартијците бидејќи се членови на ВМРО-ДПМНЕ, а не дека се способни

Во видеото се слуша изјава од поранешниот директор на болницата во Прилеп, кој сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ – Петар Ристески. Изјавата е дадена на партиски состанок во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, каде присутни се и вработени во болницата:

„Никој овде не е вработен од што е многу способен, туку затоа што е партиски член.“

Новинарот Иван Мирчевски, кој ја води емисијата, го интерпретираше ова како признавање на партискиот критериум при вработување, велејќи:

„Вие не сте вработени затоа што сте убави, туку затоа што сте членови на ВМРО-ДПМНЕ.“

На прашањето дали станува збор за мотивациски говор, Ристески одговара:

„На некој начин е, бидејќи треба да се разбуди свеста за нешто што работеле, добиле, и треба и нормално да продолжат да работат со своите активности за да овозможат партијата на која се членови и имале некој бенефит да победи на избори.“

Back to top button
Close