Ние самите го бараме џелатот
Да се преправаме дека сонуваме: Хитлер, Чаушеску, Садам, Гадафи, Нориега, Чавез, како ги пакувале куферите, додека еден вид џелат им продавал опции за смрт: бесење на јаже, горење на клада, стрелање, гилотина, електрична столица итн. Се будиме, но не знаеме зошто сонуваме така?!
Мерсел Биљали
Масовните протести во Албанија против градењето елитен светски ресорт, поддржан од компанијата на зетот на Трамп, Џаред Кушнер, прераснаа во поширока конфронтација што оспорува низа домашни политики. Илјадници луѓе секојдневно излегуваат на улиците на Тирана барајќи оставка од владата. Преку главниот слоган „Рама во затвор, Бериша во затвор“, тие не сакаат да бидат поистоветувани со ниту една постојна партиска опција.
Сѐ започна кога една компанија за обезбедување на работите во Звернец, со ароганција влечеше по земја еден од демонстрантите кој тврдеше дека дел од земјиштето каде што требаше да се реализира инвестицијата во лагуната Вјоса–Нарта било негово. Никој не очекуваше дека протестот ќе добие вакви размери. Причината е елитниот ресорт вреден околу 4,5 милијарди евра, предвиден да се изгради во оваа крајбрежна лагуна, која претставува заштитено подрачје на Албанија. Оваа „незаменлива“ лагуна е живеалиште на повеќе од 200 видови преселни птици, фламинга, фоки и морски желки што се гнездат таму. Крис Бејкер, директор на Wetlands International Europe, смета дека „Лагуната Вјоса–Нарта е уникатно, недопрено и многу посебна медитеранска средина, кое засолнува повеќе од 200 видови птици и над 70 загрозени видови.“ Како дел од планот, инвеститорите се надеваат да го адаптират и ненаселениот остров Сазан во туристички рај.
Европската комисија ја предупреди Албанија дека мора да дејствува сега за да избегне загрозување на нејзините напори за приклучување кон ЕУ и бара да ги почитува правилата на ЕУ за животна средина. „Албанија мора да се воздржи од дејствија што би можеле да го поткопаат исполнувањето на критериумите за затворање на Поглавје 27“, изјави портпаролот на Комисијата, Гијом Мерсие.
Протестите во Албанија се организирани од „Ген- З“ (оние родени помеѓу 1997 и 2012 година), генерација што целосно пораснала со интернетот и социјалните медиуми, кои бараат промена во менталитетот и политичката каста, феномен што експертите го гледаат како расте на Балканот и пошироко во светот. Она е нова генерација бунтовници кои влегуваат во граѓански активизам. Бидејќи Албанија продолжува да се соочува со значителна емиграција, особено кај младите луѓе, невидениот број демонстранти покажува дека сега гледаме значајна промена. Младите луѓе кои ја поттикнуваат „Револуцијата на Фламинго“ сега избираат да проговорат, наместо да ја напуштат земјата.
Во Бугарија, протестите организирани од „Gen Z“ на крајот од минатата година донесоа ефект во рок од 3 недели, со оставка на владата. Во Србија, студентите бараат оставка од владата две години, но досега без резултат. Во Албанија, повици за оставка се артикулираат со слоганот „Рама во затвор, Бериша во затвор“, со кои практично се бара казнување на целата политичка класа од овие 36 години. Иако, рака на срце по распадот на монистичкиот систем, Албанија имаше просечна плата од само околу пет долари, кога Македонија имаше околу 240 германски марки. A сега се пред вратите на ЕУ. Ова е доказ на зачудувачката развојна стагнација на Македонија, реалност што се очекува да експлодира. Ова не може бесконечно да се спречи со етнички фингирања во земјата. Најверојатно, во блиска иднина тоа ќе се случи и во Македонија, кадешто политичката класа продолжува да ја храни јавноста со едноклеточен национализам од феудалистички тип, придружен со подеднакво опасна албанска сервилност.
Демонстрантите во Албанија презентираа 5 главни барања: оставка на владата; укинување на законот и одредбите за посебен статус за стратешките инвеститори; повлекување на Планинскиот пакет; поништување на измените на Законот за заштитени подрачја; и укинување на измените на Законот за културно наследство.
Премиерот Еди Рама изјавува дека дел од онлајн кампањата и наративот што ги поттикнува овие протести е всушност хибридна војна против Албанија. Тој го обвинува Иран, земја со која Албанија има длабоки дипломатски спорови со години по два кибернапади врз Албанија. Обвинението, исто така, ги таргетира руските и српските агенти кои се многу активни на Балканот. „Вашиот режим може да хакира мрежи, да затвора критичари, да цензурира гласови, да им се заканува на противниците, да ги малтретира соседите и да измислува бесконечни изговори за своите неуспеси. Но, не може засекогаш да избега од реалноста“, напиша Рама во објава на социјалните медиуми, обвинувајќи го Техеран за закани и користење пропаганда за да ги оправда своите постапки. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаеи, ги отфрли тврдењата на Рама. „Вие, господине, го започнавте ова, па затоа мора да се соочите со ова!“ напиша тој на Платформа X. Одговорот се чини дека е потврда на наодите на Рама, но не треба да се обвинуваат другите.
Во меѓувреме, Рама минатата недела за „Еуроњуз“ изјави дека спротивставувањето на предложениот проект се засилува со ботови, антисемитски наративи и непријателски надворешни сили за да се разгорат тензиите во Албанија. Еди Рама го поврза зголеменото меѓународно внимание што го доби Албанија со двонеделните протести што се одржуваат во Тирана поради блискоста на инвеститорите со Доналд Трамп. Зборувајќи по повод 35-годишнината од создавањето на политичката партија што ја предводи од 2005 година, Рама рече дека „не станува збор за Фламингата, туку за претседателот на САД“.
Зошто токму во овој момент?
Илиријана Ѓони од бриселскиот тинк-тенк „Карнеги Јуроп“, организација која ги истражува прашањата за европската надворешна политика и безбедност, вели дека „времето на одржување на овие протести е особено интересно“. „Во Албанија, многу од дебатите што се водат денес за јавни консултации, транспарентност, заштита на животната средина и квалитет на управување се тесно поврзани со стандардите што земјата ги презеде како дел од процесот на пристапување во ЕУ. Токму поради оваа причина, протестите треба да се гледаат со претпазливост. Во функционална демократија, мирните собири и изразувањето на граѓанско незадоволство не претставуваат закана за стабилноста. Напротив, тие се дел од механизмите преку кои општествата се корегираат, ги зајакнуваат институциите и градат доверба меѓу граѓаните и државата“, рече таа во интервју за Дојче Веле. Центарот за меѓународни и источноевропски студии (ZOiS) со седиште во Берлин анализира дека „овие протести се обид за повторно преговарање за општествениот договор“. Дојче Веле анализира дека протестите не треба да се гледаат само како реакција на еден проект, туку како дел од поширока борба. „Ако илјадници луѓе излезат на улица, главното прашање за секоја демократска влада не треба да биде само кој може да има корист од протестите, туку и дали овие протести резонираат со дел од општеството – анализира „Карнеги Јуроп“.
Објективен третман
Лидерите на Западен Балкан продолжуваат да ги третираат јавните реакции со застарени етикети кои повеќе не држат вода, слично на Србија, каде што Вучиќ ги претстави студентските протести како обиди за дестабилизација на земјата од странство. Одговорот мора да се бара, внатре во функционирањето на системот и легитимитетот на претставувањето. Рама вели – „или ќе станеме како Дубаи или ќе останеме како Грција, Хрватска и Црна Гора каде што туристите одат со свој леб!“ Не треба да се плашиме да ја развиваме, растеме и збогатуваме нашата земја“. „Не може да се гради силна држава со овие патриоти кои продаваат знамиња, бели капи или орли“ – рече Рама. Тој се пожали дека имало и луѓе од Косово и Тетово кои фрлале камења на булеварот и ги криеле рацете. Тие сакаат да го донесат својот ѓубре во Албанија – рече тој.
Што е следно?
Во Бугарија, протестите организирани од „Gen Z“ на крајот од минатата година имаа ефект во рок од 3 недели, со оставка на владата. Во Србија, студентите побараа оставка од владата, но засега без резултат. Во Унгарија го соборија Орбан. Србија сепак чека на ред. Можеби и Македонија ако продолжи вака.
Рама: „мислите дека се борите против мене, но се борите против вашите деца за утре да имаат подобар живот од инвестиција од 4,5 милијарди долари. Ги сакате фламингата повеќе од вашите деца. Ни треба Албанија со елитен глобален туризам. Исто така, има критики од Грција затоа што не сакаат да им го одземаме приматот“. Тој, исто така, ги критикува некои муслимани кои не сакаат Евреи во Албанија. „Велат дека се муслимани, но без куран“ – рече тој.
Се очекува деновиве американскиот амбасадор во Албанија да прозбори. Тешко дека некој ќе му се спротистави. Ваквите протести се лоша порака за странските инвеститори, а уште помалку со еколошки елементи, организирани од луѓе кои дури и не ги чистат сопствените дворови.
На Македонија итно ѝ е потребна нормалност!
На албанските протести во Тирана се слушнаа и слогани „етничка Албанија“. Сигурно од оние што дојдоа надвор од Албанија. Некој овде можеби ги фингирал демонстрантите против Рама, но ефектот е спротивен. Голема грешка токму како тој политички аматер кој се фалеше дека „ОВК ја предводеше владата“, кој не знаеше дека со тоа само го поттикна монструмот кај македонскиот национализам што резултираше со радикално националистичка влада, која сега ревидира многу албански прашања. Колективниот гнев сега само менува страна. Ѓаволот се преселува во друга страна. Всушност, тука со години се соочуваме со дефицит на меѓуетничка кохезија, што е клучот за општ развој.
Сегашната грешка ја направи сегашното владино раководство со ревизијата на едни стекнати права. Ова може многу да ја чини државата, од што дури и меѓународните кругови се плашат. Само чувството за еднаквост спасува. Во Швајцарија живеат 70% Германци, но со целосна еднаквост со 20% Французи и 10% Италијанци, а ниедна од заедниците не тврди дека сака да се приклучува кон матичната држава. Оландските Острови се населени со Швеѓани, но тие се во рамките на Финска со сите максимални права и сè функционира совршено. Фландрија (францускиот дел од Белгија) не бара да се придружи на Франција бидејќи нивните права се целосно еднакви. Има многу, многу други примери. Но, тука, особено кога националистичката партија доаѓа на власт – таа го повикува ѓаволот и му ја отвора вратата. Се прашувам каков ќе биде одговорот кога сите ќе го постават прашањето зошто некои региони во државата се четири пати помалку развиени?! Тоа може да биде голем земјотрес за државата. Што ќе кажат тогаш оние кои сакаат да бидат на власт дури и по смртта?
Да се преправаме дека сонуваме – Хитлер, Чаушеску, Садам, Гадафи, Нориега, Чавез, како ги пакувале куферите, додека еден вид џелат им продавал опции за смрт: бесење на јаже, горење на клада, стрелање, гилотина, електрична столица итн. Се будиме, но не знаеме зошто сонуваме така?!






