Нигерија ќе го бојкотира четвртфиналето на АФКОН ?

Репрезентативците на Нигерија се подготвуваат за бојкот на саботниот дуел од четвртфиналето во АФКОН против Алжир. Нигеријците одбиваат да играат бидејќи не им се исплатени договорените бонуси за претходните натпревари од АФКОН.
Ова не е првпат репрезентативците на Нигерија да се закануваат со бојкот. Тоа го направија во ноември ланската година пред дуелот од квалификациите за Мундијалот со Габон.
Фудбалерите се во преговори со челниците на Федерацијата, но резултат нема, а тие дополнително се заканија дека нема ниту да тренираат.
Репрезентацијата на Нигерија ги совладаа сите ривали како во групата (Танзанија 2:1, Тунис 3:2 и Уганда 3:1), како и Мозамбик со 4:0 во осминафиналето.
Четвртфиналето со Алжир треба да се игра в сабота во Маракеш.
Репрезентацијата на Нигерија е вицешампион на Африка.






