Никој од доброволците од првата фаза на тестирање на Спутник вакцината не заболел од Ковид-19

Никој од волонтерите кои учествуваа во првата фаза на клинички испитувања на вакцината „Спутник V” против коронавирус спроведена во текот на летото на универзитетот „Сечин” не заболе од Ковид-19, изјави денеска директорот на Институтот за трансплантативна медицина и биотехнологија на универзитетот „Сечин” Вадим Тарасов.

– Многу е важно да се напомене, поминаа шест месеци од испитувањето откако последните доброволци го напуштија нашиот центар, ние одржувавме контакт со нив, редовно ја следиме нивната состојба, никој од нив не се разболе, рече Тарасов на прес-конференција организирана со поддршка на веб-порталот за борба против вирусот, пренесува ТАСС.

Тарасов истакна дека 38 лица учествувале во клинички испитувања на неговиот универзитет.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close