Никол Кидман проговори за лошите последици од улогите во психолошки трилери

– Никол Кидман во новото интервју за интернет-емисијата „ВТФ“, говори за тоа како последните две нејзини улоги во психолошките трилери „Големите мали лаги“ (Big Little Lies) и „Слом“ (The Undoing) ѝ влијаеле на психофизичкото здравје.

Таа вели дека кај тие две улоги конкретно, таа „се стопила“ со ликот, во одредена смисла.

– Дури, на снимањето на „Слом“, ми се случи, како – одеднаш да сум „тука“… Имаше некаква вознемиреност во врска со мојот карактер, како да ми беше непријатно со тоа која сум, вели Кидман.

„Слом“ е мини серија од шест епизоди. Во неа, австралиската глумица го толкува ликот на сопруга на обвинет за убиство.

– Зедов една недела слободна, бидејќи вашиот „имунолошки систем“ не ја знае за разликата меѓу глумата и реалноста…, додаде таа.

Следниот филм каде што Никол Кидман ќе глуми, е историската драма „Човекот од север“ (The Northman).

Back to top button
Close