Николај Сабев: Летовите меѓу Скопје и Софија не запираат

Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев, во изјава за МИА за иднината на авиолинијата Скопје-Софија, вели дека летот до главниот град на Северна Македонија ќе остане и по 15 мај.

Со тоа, како што информира дописникот на МИА од Софија, Сабев, ги демантира информациите што се појавија дека авиокомпанијата „Гуливер“ ги прекинува редовните летови меѓу Софија и Скопје.

Николај Сабев, исто така, коментира дека остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана. Во моментов, операторот на летот е пред промена, коментираше кратко бугарскиот министер за транспорт Сабев

Back to top button
Close