Никола за митрополит е избран со тајно гласање

Изборот на епископот Никола за митрополит Австралиско-новозеландски бил извршен со тајно глсање на денешната синодска седница.
Информациите на Религија.мк, велат дека тајното гласање било предлог на митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован, кој посочил дека поред канонските правила избор на митрополит се врши на тајно глсање.
Резултатот од гласањето бил 12 гласа ЗА и еден ВОЗДРЖАН. На синодската седница присуствувале сите владици, освен владиката Григориј, поради здравствени причини и владиката Методиј, кој е во Америка. Двајцата веројатно гласале преку други владици со делегиран глас од нив.
Синодот на МПЦ-ОА, сооптшти дека разрешувањето на владиката Петар од Австралија е на негово барање.
-Светиот Синод, особено внимание посвети на предлогот на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозелански г. Петар да биде разрешен од должноста администратор Австралиско-новозеландски и го усвои неговиот предлог за назначување на нов Митрополит на Австралиско-новозеландската епархија. Светиот архијерејски синод го разреши досегашниот администратор и за нов епархиски архијереј на Австралиско-новозеландската епархија го избра Епископот Велички г. Никола (Трајковски), со титула Митрополит Австралиско-новозеландски и неговото назначување се смета од денот на изборот, стои во соопштението.
За потсетување, изборот на Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј беше едногласно и не беше тајно гласањето
Преземено од религија мк






