Николина Пишек: Сѐ што се зборува за мојот сопруг е вистина, знам за жената која беше во станот кога почина
Хрватската водителка Николина Пишек, за време на гостувањето во поткастот „Skip Or Beep“ на Татјана Јуриќ, ги потврди шпекулациите за околностите на смртта на нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ.

Во моментот кога ја известиле за неговата смрт, Пишек била со ќерката во Загреб, а тој требало да им се придружи еден ден подоцна.
„Ми се јави неговата мајка и само ми кажа: ‘Видо умре’, на што ѝ одговорив: ‘Добро ли си? Марија, што се случува?’. Не можев да го испроцесирам тоа некое време.
Во разговорот со водителката, Пишек раскажа дека скоро сѐ што било напишано за нејзиниот сопруг било вистина.
„Била присутна женска личност во приватниот стан, јас не знам како се вика – не ми е тоа важно, која призна дека била во некаква врска со него, а мојот свекор го формулираше тоа како масажа. Лекарскиот извештај потврди дека починал од срцева слабост“, сподели Пишек.
Својот однос кон начинот на живот на сопругот со текот на времето се променил, и неговиот вонбрачни релации не и била важни.
-Имаше моменти кога тоа ме лутеше, но потоа сфатив дека е многу неважно и дека губам енергија, а имам многу поважни проблеми – вели Пишек.






