Николоски: Бугарскиот премиер да дојде во музејот на Холокаустот во Скопје и да побара прошка

Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што го окупираа денешна Македонија.

Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Стразбур.

-Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со Европската унија, користејќи го нивното членство во Европската унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна.Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот кој што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во музејот на холокаустот во Скопје и да побара една голема прошка од жртвите, навел Николоски.

Back to top button
Close