Николоски: Дали куќа во Скопје го натера Таравари да влезе во Владата?

Неколку прашања денеска постави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, до првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, откако беше обелоденето дека неговата партија влегува во Владата.

„Таравари не верува во Гостивар, па си купува куќа во Скопје. Дали станува збор за некаква уцена. Дали убава куќа во Тафталиџе која преминала во сопственост на Таравари, кој ја купил за пониска цена од пазарната, под услов и тие пари да ги платил, бидејќи нашите сознанија говорат дека нема трансакција, е причина за влез во Владата“, праша Николоски од собраниската говорница.

Back to top button
Close