Николоски: Добив поддршка од мојот професор, најчесен претседател и голем патриот Иванов

Потпретседателот и носител на изборна единица 4 Александар Николоски денеска на средба во Валандово добил поддршка од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, напиша на Фејсбук Николоски.

Денес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов мојот професор од студентските денови од кого научив многу за политиката која сега ја применувам е најчесниот и најискрен претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања. Денес во неговото родно Валандово разговараме за иднината на Македонија. Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија, напиша Николоски на својата официјална фејсбук страница.

Back to top button
Close