Николоски: Досега 34 километри од автопатот Кичево – Охрид се во активна употреба, двата аеродроми ќе бидат автопатски поврзани
Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски истакна дека втор пат за помалку од два месеци Владата ја пушта во употреба втората делница од автопатот Кичево – Охрид во должина од 17 километри од Климештани до Охрид, што е вкпуно 34 километри или повеќе од половина од целиот автопат во должина од 57 километри.
-Првата во должина од 20 километри, од кои 17 се во активна употреба и овие 17 километри, 34 километри во активна употреба што веќе претставува повеќе од половина од целиот автопат, а до крај на слендата година да го завршиме целиот. Разликата е јасна и јасно покажува голема разлика во пристапот и во работата. Претходно, седум години тука не се работеше ништо, беше уништен и постојниот магистрален пат. Граѓните на Охрид, Струга, Кичево и останатите места не можеле ни да пристапат до меѓународниот аеродром, а денес имаме меѓународен аеродром Свети Апостол Павле автопатски поврзан. Огромна работа е двата аеродроми во Македонија да бидат автопатски поврзани, а се зголеми и авиосообраќајот на кој многу работиме, се зголеми бројот на туристи, рече Николоски.
Тој посака автопатот што повеќе да се користи, да носи повеќе туристи во Охрид и Струга, што повеќе бизнис, кој ќе оди не само во овој дел на државата, туку, вели, и преку Коридорот 8 кон соседна Албанија и земјава ќе ја поврзува со пристаништето во Драч. Тој очекува покрај овој автопат, да се развијат стопански субјекти кои ќе значат за што повеќе луѓе да си ја наѓаат среќата тука.
Николоски потенцира дека ова беше заборавен и напуштен проект, проект кој претходната влада целосно го имаше запоставено и симбол за неспособноста и неработењето на претходната влада на СДСМ и ДУИ.
-Очекувам за месец и половина до два да се заврши и клучката кај Требеништа и да биде ставена во функција. Веќе ги воведуваме во работа изведувачите во делот на стабилизација на косините – најголемиот проблем на овој автопат и заеднички да сработиме и да го завршиме. Овој автопат треба да се надоврзе на автопатот кој ќе оди од Букојчани до Кичево, за кој веќе има активна постапка за избор на изведувач и од Букојчани до Гостивар веќе акитвно се работи. Очекувам до крајот на 2028, почеток на 2029 година да имаме целосно автопатско решение кое ќе оди од Скопје преку Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Охрид, истакна Николоски кој објави и видео на неговот фејсбук профил од новата автопатска делница пуштена во сообраќај.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски нагласи дека досега повеќе од 50 отсто од делницата Кичево-Охрид веќе се пуштени во употреба.
-Вкупната должина на Кичево – Охрид е 57 километри. Во јули пуштивме добар дел, сега пуштаме околу 17 км. Повеќе од 50 отсто од делницата Кичево-Охрид веќе ја пуштаме во автопатска делница. Требаше многу труд, многу енергија, заради тоа што наследивме делница, на која практично градежните работи беа замрени. Скоро да не можеше да се види градежен работник и градежна машина на оваа делница до пред една година. Со доаѓањето на оваа Влада и со сите институции кои помагаат во тоа, успеавме во она што го направивме денеска за да може од Климештани до Охрид, во должина од 17 километри да направиме увид и наскоро да биде пуштена оваа делница со мал прекин кај Требеништа, рече тој.
Трајановски нагласи дека ова е една од најтешките делници која е направена во земјава, бидејќи, како што посочи, се прави на постојан асфалт и патен премин.
– Ова е една од најтешките делници која што е правена во Македонија. Се прави на постојан асфалт, на постојан патен премин, на кој незнам колку пати има скренување лево десно, за да може на истиот пат од обичен пат да се направи автопатска делница. И вториот огромен проблем е што поминува низ пет населени места, Мешеишта, Требеништа, Горенци, Оровник и Подмоље. Можеби повеќе од 100 луѓе од своите домови директно излегуваа на овој пат. Сето тоа требаше добро да се испланира и да се изведе. Затоа се направени и пристапните патишта кои пред нашето доаѓање абер немаше за нив, немаше експропријација, немаше проектирање или делумно беа проектирани. Многу е тешко да направите пат каде што има густо населени места или живи села како овие во Дебрца и Охрид, рече Трајановски.
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков потенцира дека со овој симболичен настан сакат да испратат јасна порака дека преку конкретни дела се гради иднината на земјава. Делот од делницата што го пуштаме во употреба денес, како што посочи, е уште еден чекор напред и мотив да продолжиме со уште поголема решителност и одговорност кон конечната цел, а тоа е воспоставување на сообраќај по целокупната должина на автопатската делница.
-8-ми Септември не е само историски датум, тој е наша обврска, да градиме држава која ќе обезбеди подобар живот за своите граѓани. Со вакви дела ја исполнуваме таа обврска и создаваме подобри услови за нас и за новите генерации кои доаѓаат. Посакувам, секој нов километар асфалт поставен тука да донесе развој, поврзаност и просперитет за целиот Југозападен регион. Посакувам сите заедно да бидеме сведоци на уште многу успешни инфраструктурни проекти во иднина! Нека е честит и вековит утрешниот празник, нека е вечна Македонија!, рече Пецаков.
Фото: Фејсбук на Александар Николоски/Влада
Видео: Александар Николоски фб