Николоски: Единствениот со кој Мицкоски контактирал, а можеби е поврзан со пасошите е Заев

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој кажа дека Мицкоски имал секојдневни контакти со еден од уапсените во аферата за пасошите.

„Ова се смешни работи, СДСМ неколку дена пласира целосни лажни вести, класични ’фејк њуз‘, ги растура пердувите со цел на тој начин да ја скрие сопствената одговорност мислејќи дека ќе ја дефокусира јавноста. Единствен со кого Мицкоски имал контакт изминатиот период, а кој можеби е поврзан со овие работи е Зоран Заев со кого имаа лидерска средба“, рече Николоски.

Back to top button
Close