Николоски: Имам сознанија дека е потпишан договор помеѓу ЕСМ и позицијата која беше дадена од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на поевтин природен гас

„Согласно сознанијата кои ги имам веќе е потпишан тн. ‘ефет договор’ помеѓу ЕСМ и контактот, односно позицијата која беше дадена од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Претставници на компанијата која беше дадена како контакт во четврток ќе пристигнат во Македонија за да се официјализира сето тоа“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски
Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, во вчерашната дебата со пет новинари од пет приватни ТВ куќи објаснувајќи што се подразбира под поимот „ефет договор“ кажа дека тој договор го означува начинот на којшто се тргува со гас, нафта, мазут, струја итн
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5, меѓу другото, кажа дека според сознанијата кои тој ги има, ЕСМ потпишале т.н. „ефет договор“ со позицијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за за набавка на природен гас по поевтина цена.

„Согласно сознанијата кои ги имам веќе е потпишан тн. ‘ефет договор’ помеѓу ЕСМ и контактот, односно позицијата која беше дадена од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Претставници на компанијата која беше дадена како контакт во четврток ќе пристигнат во Македонија за да се официјализира сето тоа“,

рече Николоски.
Тоа што е значајно, додаде Николоски, е тоа што цената на гасот што Македонија може да ја добие е најмалку два пати поевтина од досега што е купувано, а тоа, како што рече, е државнички чекор кој ќе им заштити пари на граѓаните.

„Претседателот Мицкоски направи се Македонија да добие поевтини енергенси, скопјани да добијат парно, работниците да земат плата. Се надевам на мудрост од владата за да се финализира ова. Ако не се финализа ова ќе значи дека имаат коруптивни намери“,

додаде Николоски.
Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, во вчерашната дебата со пет новинари од пет приватни ТВ куќи објасни што се подразбира под поимот „ефет договор“.

„Во Европа, начинот на којшто се тргува со commodities, они тоа го нарекуваат, односно гас, нафта, мазут, струја итн, е предмет на еден договор којшто ние го викаме, којшто сме се занимавале со таа работа, „ефет договор“,

појасни Мицкоски.
Во дебатата којашто се емитуваше синоќа на јавниот сервис, Мицкоски, меѓу другото, коментирајќи ги тврдењата на владата дека не добиле понуди од фирмите предложени од опозициската партија, кажа дека:

„вистината е дека компанијата којашто е позиција поврзана за снабдување со гас на Македонија и нејзини претставници, односно генералниот директор на тоа акциониерско друштво, со негов соработник, и тројца претставници од Македонија, еден од владата, од поранешно ЕЛЕМ денешно ЕСМ, друг исто така дел од кабинетот на Димитар Ковачевски присустуваа на таа средба“,
рече тој.

Back to top button
Close