Николоски: Кандидатот за министер за здравство, Меџити, да објасни како од барака прави луксузна хациенда во Тафталиџе

Потпретседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната собраниска седница упати прашање до кандидатот за нов министер за здравство од АА, Фатмир Меџити.

Како што истакна тој, Меџити треба да објасни како од, како што рече, една скромна барака се прави луксузна хациенда во населбата Тафталиџе.

„Фатмир Меџити треба на јавноста да и објасни како од една скромна барака во моментот гради една голема хациенда од 336 метри квадратни, ни помалку, а ни повеќе во елитната скопска населба Тафталиџе и ни помалку, ни повеќе како прв комшија на Арбен Таравари.Како на улица Бриселска 18А гради хациенда од 336 метри квадратни, еве можете да ја видите од една перспектива, и еве од друга перспектива. Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија и треба да објасни Фатмир Меџити како од сите локации во градот Скопје одбрал локација токму карши со подарената куќа на неговиот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари. Вака почитувани пријатели изгледа политичката корупција“ рече Николоски.

Back to top button
Close