Николоски: Најдобар начин да обесхрабриме бесправно градење е некој да заврши во затвор

Речиси воопшто нема реакции од судството и од Обвинителството во однос на дивоградбите. Јас до денес не сум слушнал дека некое лице или компанија е правосилно осудена за бесправно градање, а знам многу добро дека МВР ревносно постапува секогаш кога општините ќе пријават ваков случај, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Николоски рече дека МВР излегува на терен, евидентира и поднесува соодветна кривична пријава до Јавното обвинителство, но пријавата потоа Обвинителството или не ја процесира или ја процесира до суд, но не завршува со судска пресуда.

 

– Најдобар начин да обесхрабриме бесправно да се гради е некој да заврши онаму каде што му е местото, а тоа е во затвор зашто се работи за тешко кривично дело. За Маврово не знам ниеден осуден досега што бесправно градел, за Охрид не знам ниеден осуден досега што бесправно градел, за Скопје не знам ниеден осуден досега што бесправно градел, ниеден, нула. Тоа значи дека им се дава мотив на оние што бесправно градат така и да продолжат. Што ако некоја општината ќе евидентира бесправна градба и теоретски ќе ја сруши, кога некој ќе изгради повторно. Треба да има судска пресуда, треба некој да заврши во затвор како ум и поука за сите други да не го прават тоа – порача Николоски

Back to top button
Close