Николоски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ ја почитува одлуката на народот изразена на референдум и рудници нема да се отвораат

Тука сме пред она што треба да е брана Конско. Истата беше проектирана во текот на 2016 година, беа одобрени средства и требаше да почне да се гради на почетокот на 2017 година, со цел да биде завршена до крајот на 2019 година. За жал, се уште, како што можеме да видиме е во изградба и не е завршена, затоа што Владата предводена од СДСМ не доволно ја следи динамиката на градба како што е предвидено по планот, истакна денеска потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборната единица 4, Александар Николоски.

Посочи дека силно ќе се фокусираат на доизградба на таа брана која треба да значи наводнување за голем број на земјоделски производи и голем број земјоделци и со тоа наводнување да се зголеми земјоделското производство во гевгелиско, но и во целиот овој регион, а исто така ќе придонесе многу за развојот на туризмот.

– Постојат постапки за отуѓување на земјиште што е во сопственост на приватни лица за експропријација и истото праведно ќе биде направено, на еден праведен начин и по пазарни цени со цел луѓето исто така да бидат обештетени и никој да нема штета од овој проект. Напротив овој проект треба да е еден убав развоен проект целиот овој регион. Се надевам на победа на изборите на 15 јули и после тоа да можеме да ја реализираме оваа брана со цел како што кажав да заживее целиот овој регион, а и земјоделците да добијат соодветно наводнување. Уште една тема би сакал да искоментирам, таа е поврзана со иницијативата за отворање или она што се говори поврзано со рудниците, она што сакам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја следи волјата на народот, за разлика од СДСМ, никогаш не оди против јасната волја на народот изразена на референдум, рече Николоски.

Волјата на луѓето тука во Гевгелија, во гевгелиско, во четвртата изборна единица ако сакате, затоа што имаше и други иницијативи, потенцира, е јасна и на референдум беше изразена, тоа е против отворање на рудници и ние тоа го поддржуваме и рудници нема да се отвораат, затоа што народот тоа не го сака.

– Ние секогаш постапуваме така како што народот одлучува. Народот одлучи дека нема да има рудници и рудници нема да има, додаде Николоски.

Back to top button
Close