Николоски: Оваа влада на Ковачевски е без легитимитет, брзи предвремени избори се единствено решение

Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев која граѓаните ја казнија на избори, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на собраниската седница на која се дискутира за избор на нова влада.

„На неодамнешните избори јасно беше кажано од Заев дека се „all in“ и избори на кои се одлучува за легимитетот негов, неговата влада и партија и народот жестоко го казни. Ние сме денес овде затоа што поразена е секоја политика на Зоран Заев, ние сме овде затоа што народот жестоко ги порази националните понижување, жестоко ја порази корупцијата, неспособноста и економските потфрлувања. Затоа Зоран Зоран заминува, но немаше храброст да ја извади својата партија на соочување со народот за генералниот концепт по кој државата треба да се движи. Скоро и да нема пример да вака вештачки се бега од народот“,рече Николоски.

Николовски рече дека е потребно соочување со народот кој треба да каже дали се согласува со овие политики. Според него, единствено решение се брзи предвремени избори, а сето останато е бегање од народот.

„Денес имаме влада без легимитет, влада на стари ликови, на континуитет која не може да се покаже како нова, а клучните ресори ќе ги водат истите луѓе. Оваа влада не може да понуди нови политики. Нивните политики не може магично да се сменат. Затоа гледаме кавга во јавноста за префрлување на одговорност во однос на извесното национално предавство во односите со Бугарија“,нагласи Николоски.

Тој посочи дека ова е влада која четири години лаже за почеток на преговори, а процесот на евроинтеграција го злоупотребила како ниедна друга земја.

„Викаа ќе имало датум во декември, па во јануари. Во декември датум немаше, а јас лично ви кажав дека во јануари може да има датум за скијање и тоа се случи. Да, така безобразно се лаже македонската јавност е врв на поигрување и потценување со националните интереси“,рече тој.

Порача дека следува пеколен период на соочување со гневот на народот. Најави дека доаѓаат промени кои и ќе се случат, како што рече, побрзо отколку што мислите.

„Нема да ја поддржиме оваа влада, а следниот период да се гледаме и во институциите, но и надвор на улиците и заеднички да стигнеме до предвремени парламентарни избори кои ќе значат промени во Македонија“,рече Николоски.

Back to top button
Close