Николоски предлага три чекори по кои треба да движи државата во следниот период

Широка дебата со сите општествени структури, интензивни реформи и чесен однос во разговорите со Бугарија се трите работи кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ги предлага како чекори по кои треба да се движи земјата во следниот период.

Тој, во контекст на преговорите со Бугарија вели дека премиерот Зоран Заев едно зборува пред јавноста, а друго на состаноците во Софија.

„Една информација која не е споделена во јавноста. Не знам дали Заев како премиер е свесен дека кога на состанок има повеќе од едно лице на другата страна се водат белешки. На најмалку два состаноци од кои еден во Бугарија, кажал разговорно дека според него мисли дека Бугарите и Македонците се ист народ и зборуваат ист јазик. За потоа да се коригира во официјалниот дел дека тоа е мислење лично а не на државата. Не може премиер да има лично мислење, тоа влегува во белешки. Како што видовме од врвниот бугарски интелектуалец кој кажа дека не е точно дека Бугарија ништо не испорачала кон Заев, туку му помогнала да дојде на власт“, рече Николоски.

Тој вели дека земјава треба да направи три клучни чекори во следниот период, а првата е јасна и сериозна дебата што со иднината на државата, но тоа да не се само прес-конференции, туку широка дебата со сите општествени структури.

Втората работа, според Николоски се интензивни реформи внатре и во владеење на право и во дел на економија и искористување на европските фондови.

„Сметам дека е грешка што минатата година претседателот Пендаровски ја одбил идејата за членство во Европската економска заедница, затоа што на крајот на денот граѓаните сакаат да станеме членки на ЕУ за подобро да живеат“,рече Николоски.

Тој додаде дека третата работа во однос на разговорите со Бугарија е дека мора да се има чесен однос, а тоа е да им се кажат на политичарите во Бугарија кои се позициите на Македонија, а не едно да се зборува во јавност, а друго да се зборува на состаноци.

Back to top button
Close