Николоски: Предвремени избори се потребни час поскоро

„Апсолутно мислам дека не зависат предвремените парламентарни избори од почетокот на преговори. Ние сакаме и посакуваме и бараме Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, не заради власта туку заради тоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија. Од друга страна политичката криза е толку длабока, се посилна станува и економската криза, за жал Македонија се соочува и со национална криза. Така што единственото решение се предвремени парламентарни избори, особено после делитимирањето кое што се случи на власта на минатите локални избори, кои што се случија во октомври месец 2021 година. Така што еве ќе помине и година дена од локалните избори и тоа беше доволен временски период да власта се покаже дека може поинаку, но не само што не покажа дека може поинаку туку одат и во полоша насока”, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио слободна Европа.

Николоски додаде дека поради тоа единственото решение се предвремени парламентарни избори.

„Еве ако сакате, Македонија дури и да почне преговори со ЕУ, неспособна влада ќе ги води лошо тие преговори. Неспособна и некомпетентна влада ќе ги води тие преговори”, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека периодот на убедување е завршен. Имаше месеци во кои што опозицијата се обидуваше низ политички дијалог да ја убеди власта да се оди на предвремени парламентарни избори. Но, сега опозицијата е доведена во ситуација да мора да се притисне власта за да се оди на предвремени парламентарни избори. И затоа е активната блокада во Собранието, и затоа на 18-ти јуни ќе се случи голем сенароден протестен собир пред Влада.

„Јас очекувам десетици можеби и стотици илјади граѓани да го посетат тој сенароден протест, на кој што јасно ќе се искаже порака до власта дека мора да се случат промени на Македонија”, потенцира Николоски.

Тој дури укажа дека образложението на власта за трошоци околу избори е несоодветно. Прашање е колку Македонија губи економски од неспособната власт. Има еден податок кој што говори дека во период од 2019-та година до 2021 година, тоа се години на владеење на СДСМ и ДУИ Македонија има произведено за еден милион мегават часови помалку електрична енергија. Ако еден мегават час на светските берзи е од 250 до 260 евра во моментов, тоа значи дека се изгубени 250-260 милиони електрична енергија која што мора да се увезе и тие девизи да излезат надвор. И поради тоа сметките на граѓаните се покачени веќе за 10%, а ќе бидат покачени и за дури дополнителни 30%. А, за компаниите, општините и институциите се покачени од 500 до 600%.

„Треба да знаат граѓаните дека фирмите во кои што работат веќе плаќаат од 5 до 6 пати повисока цена на електрична енергија и прашање на време е кога ќе го стават клучот на врата и ќе затворат, затоа што нема да можат да ги плаќаат сметките за струја и е ги испуштат тие работници на улица. За жал, таква е економска состојба во моментов и затоа решение се предвремени парламентарни избори, затоа што Македонија не смее да си дозволи уште следни две години во кои што би недостасувале уште еден милион дополнителни мегават часови и уште 250-260 милиони евра да отидат надвор, а всушност вкупно проектираната дупка во Буџетот само за оваа 2022 година со ребалансот на Буџетот е цели една милијарда евра. Ова е незамисливо за Македонија, бидејќи било која претходно Влада кумулативно во четири години мандат не се задолжила за една милијарда евра, оваа Влада само за една година ни направи дупка од една милијарда евра “, нагласи Николоски.

Back to top button
Close