Николоски со порака до младите: На 15 јули да излезете масовно, да одберете Обнова и да ја градите својата иднина тука

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 4, денеска одржа трибина со младите во Струмица насловена „Младинска политика и меѓународни интеграции и перспективи“.

Според Николоски, нашата држава не може да започне преговори со Европската унија „поради криминалот и корупцијата на Зоран Заев“.

– Имаме најкорумпиран поранешен премиер од која било држава во Европа и затоа Македонија не почнува преговори со ЕУ. Затоа сте потребни сите вие да ја направите промената на 15 јули, рече Николоски.

Тој ги повика младите да излезат масовно на избори на 15 јули, односно како што рече тој, младите се тие коишто можат да ги направат промените и наместо да заминуваат надвор, својата иднина да ја градат во сопствената држава.

– Ве повикувам на 15 јули масовно да излезете. Потребно е да ја направиме промената за конечно Македонија да ја извадиме од оваа криза во којашто е пропадната. За да се гледаме тука во Македонија, а не да се гледаме во Швајцарија или Германија. Да се гледаме тука а не да се гледаме иселени надвор. Тоа го можеме и тоа е мојата желба, токму затоа ве повикувам на 15 јули бидејќи младите се тие коишто можат да ја направат промената. Така беше 2006 година, таа генерација на УМС, мојата, нашата генерација на УМС ја направи промената во 2006 година, убеден сум дека вашата генерација ќе ја направи промената сега во 2020 година, изјави Николоски.

Тој упати неколку пораки до СДСМ и Зоран Заев.

– Слушам и тука по Струмица и по државата, зборуваат абе види ќе изгубиме, ама некој друг ќе ни направи влада. Да ги поздравам, толку многу ќе изгубат што врата нема да знаат да ја погодат некаде околу 23 часот навечер, а не пак да чекаат кој било влада да им прави. Втор поздрав слушам Зоран Заев тргнал по амбасади за да убедува дека треба да продолжи неговата политичка кариера по поразот на овие избори, да му порачам тоа е одлука на СДСМ, ако СДСМ реши дека треба губитник да им остане за претседател на партијата со среќа нека им е. Нас ни треба реформирана опозиција којашто ќе може да ние партнер, но во исто време да ни парира и да не поучува на грешките, рече Николоски.

Тој, како што рече, го потсетува Заев дека последен пат се сретнал со светски и европски државник пред да излезе случајот Рекет.

– По таа афера никој не сака да се сретне со него затоа што со корумпиран политичар никој не седнува на иста маса, рече Николоски.

Back to top button
Close