Николоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е краток и јасен, уставни измени под бугарски диктат нема да има

Нашиот став е краток и јасен – дека нема да поддржиме уставни измени под бугарски диктат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за „Аргумент плус“ на ТВ24.

„Денес сме против промена на Уставот затоа што сметаме дека тоа не е нешто што Македонија треба го направи, особено што Бугарија со ништо не гарантира дека нема да продолжи да ја уценува Македонија. Сметаме дека истите не треба да се случат затоа што овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени, никој во програмата за изборите не вети дека ќе се случат уставни измени, а граѓаните на избори гласаат врз основа на програма“,рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, исто така, потенцираше дека има средби кои се непријатни, но ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи ни милиметар од своите ставови во врска со уставните измени.

„Најчесто се работи за средби на коишто слушаат, на коишто добиваат информации, кажуваат кои се позициите на државата којашто ја претставуваат и тоа е тоа. Секако дека има и понепријатни средби, има и средби на коишто има притисоци, но ние не сме спремни ни милиметар да отстапиме од ова што се наши ставови“,

Николоски потенцира дека и кај меѓународните претставници постојано треба да се објаснува за притисокот кој го прави Бугарија и дека тие уцени не треба да се прифатат затоа што ниту се пристојни ниту добрососедски.

„Сакаат да ги слушнат нашите аргументи затоа што ние аргументирано дебатираме. Тоа се луѓе кои не живеат тука и сакаат да дознаат повеќе информации како сме стигнале тука. Го објаснуваме односот како Бугарија ја уценува Македонија, го објаснуваме тој однос кој е далеку од демократски, добрососедски и далеку од пристоен. Тоа се уцени кои не сме спремни да ги прифатиме“,изјави Николоски.

Back to top button
Close