Николоски вели дека 70 отсто од работниците кои ќе ги градат коридорите 8 и 10-д ќе бидат странци

„Премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде што јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Фокус

На прес-конференција пред два дена, пак, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека доколку бидат донесени измените од Законот за работни односи, тогаш ќе можат да бидат ангажирани помал број работници, но кои се домашни и кои ќе работат поголем број часови. Ако измените не бидат донесени, пак, Ковачевски кажа дека тогаш работите ќе чинат поскапо и ќе треба да се увезуваат работници од странство. Во ниту едно од двете споменати сценарија Ковачевски не наведе конкретен процент на странски и домашни работници кои би биле ангажирани во изградбата на коридорите

Од вкупниот број работници кои ќе учествуваат во изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, само 30 отсто ќе бидат домашни, а останатите 70 проценти ќе бидат работници од странство. Ова во интервју за Фокус го изјавил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, согласно увидот кој го имал во договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д.

Бројот на работници и планот за работа на изградбата на автопатите, вели Николоски, е предвиден во планот 11 од договорот, а таму, според неговите зборови, е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку од државава.

„Ова значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци. А, премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде што јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци“изјавил Николоски за Фокус.Потпретседателот на опозицијата тврди и дека странските работници кои ќе работат на изградбата на коридорите ќе можат да почнат со работа уште првиот ден по доаѓањето во Македонија, без претходно да ги добијат потребните работни дозволи и дозволи за престој, што како што вели, е уште едно кршење на законите.

„А, тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример, истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите“додал потпретседателот на опозициската партија.

На прес-конференција пред два дена, премиерот Димитар Ковачевски, објавувајќи ја информацијата дека договорот со „Бехтел и Енка“ ќе биде испратен во Јавното обвинителство, меѓу другото, изјави и дека доколку бидат донесени измените од Законот за работни односи, тогаш ќе можат да бидат ангажирани помал број работници, но кои се домашни и кои ќе работат поголем број часови. Ако измените не бидат донесени, пак, Ковачевски кажа дека тогаш работите ќе чинат поскапо и ќе треба да се увезуваат работници од странство.

 

Во ниту едно од двете споменати сценарија, Ковачевски не наведе конкретен процент на странски и домашни работници кои би биле ангажирани во изградбата на автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“.

 

„Доколку бидат донесени овие законски измени, тогаш ќе можат да бидат ангажирани помал број на работници и да се работи поголем број на часови. Поголем дел од финансиските средства да останат во државата со оглед на тоа дека ние знаеме колку градежни работници имаме во државата. Во другиот случај, доколку не се донесат, тогаш ќе има работници кои ќе дојдат од странство со цел да работат на имплементација на овој најголем градежен проект во историјата на државата“рече премиерот.

Ковачевски го праќа договорот со „Бехтел и Енка“ во Јавното обвинителство за да се испитале сите дилеми

 

 

Back to top button
Close