Николоски за „бомбата“: Јас едно зборувам, тие друго спинуваат!

Јас едно зборувам, тие друго спинуваат, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборната единица 4, Александар Николоски, во објава на Фејсбук, откако денеска беше објавена нова снимка од негов разговор со Миле Јанакиески.

„Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа. Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност. Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш – дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?“, напиша Николоски на Фејсбук.

Back to top button
Close