Николоски за ТВ Франс 24: Работиме паралелно на развој на двата паневропски коридори 8 и 10, бараме силна подршка од европските земји
Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија и затоа влеговме во голем инвестициски циклус за да ги развиваме. Работиме на изградба на нови автопати и проект за брза железница, истакнува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за ТВ Франс 24, направено при работата посета на Франција.
Николоски посочува дека имаме уникатна географска позиција и дека два паневропски коридори се сечат источно од главниот град Скопје – што е уникатен случај во југоисточна Европа.
– Не е тајна дека балканските војни и Првата светска војна се воделе околу Македонија. Два паневропски коридори се сечат источно од главниот град Скопје – што е уникатен случај во југоисточна Европа. Тоа се Коридор 10, кој ги поврзува грчките пристаништа со Централна и Северна Европа и го скратува времето на снабдување од 22 дена и вториот е Коридор 8 кој го поврзува Јадранско до Црно Море. НАТО го прогласи Коридор 8 за втор по важност воено-стратешки коридор, бидејќи е алтернатива за снабдување на Украина. Работиме паралелно на развој на двата коридори, за нас се важни и стратешки и економски. Веќе има комплетен автопат на Коридор 10, а сега почнуваме со брза железница со бризна до 200 км на час за патници и до 120 км на час за транспорт. На Коридор 8 работиме на изградба на автопати, до 2029 очекуваме комплетно да го завршиме, истакнува Николоски.
Паралелно, како што вели Николовски, се работи и на брзата железница.
– Овие планови ја надминуваат нашата домашна економија затоа склучивме Договор Влада со Влада со Обединетото Кралство, вреден 6 милијарди евра и бараме слични партнерства и со Франција и други европски земји, потенцираше вицепремиерот Николоски.