Николов: Комисијата за заразни болести треба да се професионализира со нови луѓе и под итно мерки да се спречи ширење на делта вирусот во Македонија

Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „24 анализа“ потсети како минатата година ист овој период власта велеше дека се е под контрола и нема потреба од мерки, и поради тоа болниците се преполнија со пациенти и справувањето со корона вирусот беше доста отежнато. Мерки за да се спречи овој вид на корона вирус се потребни, но и да се забрза процесот на вакцинација.

„Вчера при заседавањето на Комисијата за заразни болести не донесе никакви одлуки. А, сите сме сведоци дека дискотеките се пуштени работат на максимум и дека се преполни со луѓе. Што би јас предложил за Комисијата за заразни болести? Јас би предложил да се професионализира и би предложил во неа да се вклучат луѓе експерти од сите универзитети и медицински факултети во земјата бидејќи ги имаме повеќе од еден. И секако би требало тука да се вклучат и оние институции кои што работат посебно на оваа проблематика. И многу е важно да се забрза процесот на вакцинација“, истакна Николов.

Николов додаде дека не смее да се дозволи власта пак да ја користи паролата „се е од контрола“, а Македонија поради тоа е на врвот по починати од КОВИД-19.

„Институциите треба да се адаптираат и економските единици на начинот на кој што се намалува односно се елиминира ризикот за ширење на вирусот и ширење на епидемијата. Многу е важно да се спроведат мерки за да на почетокот се изолира и се блокира колку може вирусот со цел да не дојде повторно до она одеднаш букнување и повторно целосно оптеретување на здравствениот систем“, рече Николов.

Николов додаде дека ако продолжи вака со делта вирусот знак прашање е дали училиштата во септември ќе се отворат за децата.

„Ние треба оваа битка да ја водиме за да останат училиштата отворени, бидејќи ако продолжи ова вака и не дејствуваме сега на почеток ризикот за повторно затворање на училиштата е многу поголем и поважен од овој ризик за затворање на економските единици од секторот на угостителство. Замислете втора година учениците да не одат на училиште, што ќе ни се случи. Замислете втора година да немаме доволно тестови. Која е причината сега да нема брзи тестови на луѓето кои што доаѓаат од ризичните земји и одма да се тестираат на граница и потоа да се стават во некаква домашна изолација, која што не чини ништо, чини само еден сертификат на кој што ќе му се издаде епидемиолошка мерка дека треба да остане дома во одреден период“, појасни Николов.

Николов запраша зошто сега на границата не се даваат флаери на граѓаните да знаат каде да побараат медицинска помош, кои се симптомите на грипот затоа што нашата дијаспора не знае каде да побара медицинска помош.

Back to top button
Close