Николов му посака успешна работа на новиот штипски градоначалник Јорданов
Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција во неговиот кабинет се заблагодари на граѓаните, кои во декември 2020 му ја дадоа поддршката да биде градоначалник на Штип.
-Ми беше привилегија и со задоволство, максимален труд и залагање успеавме во овие девет месеци да направиме Штип да биде една општина во развој, еднаква за сите наши сограѓани, рече Николов.
Порача дека вчера на демократски и фер избори граѓаните го дадоа својот глас за другиот противкандидат.
-Го дадоа својот глас за кандидатот, за којшто сметаат дека треба да ги води во наредните четири години. Му посакувам на новиот градоначалник успешна работа, на нашите сограѓани здравје и среќа во својот живот, рече Николов.