Николов уште една сезона во МЗТ Скопје

 Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со „сино-белите“.

Николов мината сезона која беше прекината поради пандемијата, ги одигра сите 17 средби во Првата лига и оствари просек од 7,2 поени, 2,3 скока и 2,9 асистенции, додека настапи и на 21 средба во АБА2-лигата со просечна минутажа од околу десет минути.

Дваесет и тригодишниот Николов е седмиот македонски репрезентативец кој ќе му биде на располагање на тренерот Ѓорѓи Кочов претстојната сезона.

Претходно договорт со клубот од Аеродром потпишаа Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Адем Мекиќ и Филип Бакоч. На списокот играчи се и тројца странци и тоа Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, како и српскиот интернационалец Андрија Бојиќ.

Back to top button
Close