Николовски ја искара Арсовска.Да најде решение за превозот а не да прави политика од тоа


Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да најде решение за нормализирање на јавниот превоз

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да најде решение со превозниците и да не прави политика од тоа, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување на ТВ Сител.

„Скопјани и сите кои го користат јавниот превоз во Град Скопје заслужуваат брз и ефикасен јавен превоз и нив не ги интересира што се случува помеѓу различни превозници и градот. Тоа е работа која треба да ја реши градот“,
рече Николоски.

Коментирајќи ги протестите на превозниците најавени за утре, рече дека корисниците на јавниот превоз заслужуваат нормална услуга, а не блокади на крстосниците низ Скопје.

„Ова не е прашање за Советот на Град Скопје, ова е прашање за градоначалникот на Град Скопје и таа треба да си најде решение за овој проблем. Затоа и е избрана, за да решава проблеми, а не истите да ги пренесува на граѓаните и да ја оптоварува јавноста со таа работа“,смета Николоски.

Back to top button
Close