Николовски ќе ги тужи портпаролите на ВМРО ДПМНЕ за измислици и лажни тврдења

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски најави дека ќе ги тужи портпаролоите на ВМРО ДПМНЕ за измислици и лажни тврдења.

– Наместо да ја согледаат реалната состојба и да преземат конкретни чекори по моите укажувања за проблемите со ИПАРД, неисплатените субвенции и тешката состојба во земјоделството, ВМРО-ДПМНЕ одговори со лажни пријави и клевети пласирани преку прес-конференции.

 

Доколку своето време и енергија ги насочеа кон изнаоѓање решенија во интерес на лозарите, тутунопроизводителите, оризопроизводителите, овоштарите, градинарите и сточарите – наместо кон обиди за замолчување на опозициски пратеник – денес резултатите во земјоделството ќе беа далеку поочигледни. Ваквите притисоци само потсетуваат на еден поранешен режим кој неславно заврши, наместо на институции посветени на вистинскиот развој на земјоделството.

Со оглед на неразумните обвинувања и тенденцијата моето име да се валка со измислици и лажни тврдења, единствениот логичен чекор е да преземам соодветни правни мерки. На тој начин, пред надлежните судски органи одредени поединци ќе добијат можност да ја докажат основаноста на лажните пријави и клеветничките прес-конференции – напиша тој на фејсбук.

Back to top button
Close