Николовски: Ќе водиме целосно здравствено безбедна кампања, ќе ги почитуваме Протоколите, граѓаните ќе го казнат неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ

 

Очекуваме сериозност и одговорност од сите учесници на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули, тоа значи да имаме фер и демократски избори, но и 100 проценти здравствено безбедни избори порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во денешното гостување во вестите на Сител.

Тој нагласи дека помина времето кога се злоупотребуваше гласот на  граѓаните и тоа во период од десет години за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ и сега  државата е препознатлива по тоа што огранизира изборни процеси без ниту една дамка.

„И покрај постојаните обиди за одлагање на самите избори, секако поради стравот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе изгуби, мора да обезбедиме фер, демократски и слободни избори и да обезбедиме институции со полн капацитет коишто ќе се справуваат со сите предизвици.

СДСМ ќе  води 100 процентно безбедна кампања, мораме да го заштитиме јавното здравје и мораме да дадеме целосна поддршка на здравствените работници кои се на првата борбена линија. Ќе комуницираме со граѓаните преку социјалните медиуми, преку традиционалните медиуми, преку дигиталните  алатки. Нема да имаме митинзи, нема да има големи настани. Само со почитување на протоколите мораме да дадеме пример. Не со кршење на мерките, не со неодговорност, гледаме деновиве како се однесува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Нивната неодговорност не ја манифестираат само преку одење во теретани и во кафеани, еве гледаме дека и во делот на кампањата започнуваат многу неодговорно и тоа граѓаните ќе го казнат“, нагласи Николовски.

 

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close