Николовски: Не гледам потреба за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Не гледам потреба за широка коалиција, посебно не кога имаме јасен победник на изборите со повеќе опции и варијанти за составувањето на новата влада вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за Локално.

„ВМРО-ДПМНЕ најпрво треба да обезбеди демократија за своите трудољубиви членови кои не можат да дојдат до израз во така заробена партија, па потоа да обезбедува и придонесува за иднината на нашата земја, најважно е прво да се реформира внатрешно, да согледа зошто губи на три изборни циклуси по ред, да расчисти целосно и недвосмислено со со штетните политики на Никола Груевски и неговото наследство.

Ќе зборуваме со сите политички чинители кои прифаќаат да се приклучат на патот кој води напред, односно европскиот пат, патот на правдата и економијата пред се. Мораме да ги обезбедиме тие работи за нашите граѓани“, вели Николовски.

Целото интервју на Локално.

Back to top button
Close