Николовски од Кратово: ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз работниците и стечајците, со СДСМ се враќа достоинството

Во изминатите две и пол години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани. И инфраструктурно и за подобрување на економскиот стандард, нагласи Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 од мостот над Кратовска река, на самиот влез на градот, што се санира.

Тој потсети дека се работи и на коловозот и на пешачките патеки, се реконструира и пристапниот пат до Центарот за брза помош во Кратово, а ќе се санира и свлечиштето на регионалниот пат Кратово – Пробиштип.

– Го цениме трудот, нема веќе работа за срамни 9.000 денари минимална плата. Ја зголемивме на 14.500 денари, а ќе оди до 20.000 денари во следниот мандат. 12.000 стечајци добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање. Тоа е почит. Тоа е разлика! Пари за граѓаните има и секогаш имало, само треба да се работи домаќински, рече Николовски.

Меѓу другото потенцира дека е тешка состојбата со коронавирусот,но,подвлече, се бориме против последиците. Сите погодени од корона кризата, нагласи тој, добиваат институционална и солидарна помош.

– Само во Кратово, 521 лице ја  искористи мерката субвенции за плати од 14.500 денари и 50 проценти придонеси, а 1856 лица добиле платежни картички.  Во целиот Исток 24.431 лице добиле вакви субвенции, а 54.174 лица добиле платежни картички, рече генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3.

Има разлика, потенцира, 0д општество во кое ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството на луѓето, особено кон сиромашните и стечајците, денес, рече Николовски, станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права.

Во однос на правосудството, истакна дека мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители, функционерите и институциите мора да се отчетни, транспарентни и чесни.

– Законски ќе бидат обврзани да ги објавуваат сите службени трошоци во извршната, локалната и судската власт, а за оние кои нечесно ќе работат, ќе следат санкции. Администрацијата ќе биде департизирана, намалена за 20 проценти и целосно  во функција на граѓаните. Нема веќе патни трошоци за пратениците во Собранието. Тоа водеше само кон страшна злоупотреба, говореше Николовски.

Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, порача од Кратово Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 и  ги повика граѓаните на 15 јули без двоумење да се определат за СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

Back to top button
Close