Николовски: Прехранбрени продукти ќе има


Криза за храна и основни прехранбени продукти нема да има, уверува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во интервју за Телма.

– Храна ќе има. Заедно со проектите кои што ги имаме со Светска банка, со Германската развојна банка за модернизација на земјоделството сметам дека доаѓа еден период на големи капитални инвестиции на реформа во секторот, но и на враќањето на довербата заради тоа што македонската економија треба и може да се потпре токму на производството на храна и на земјоделството. Пред се, во вакви кризни времиња ја праќаме пораката до трговците и со сите засегнати одржуваме состаноци и средби, секој треба да мисли да се однесува морално и етички затоа што со парите на граѓаните сега поддржуваме мерки и политики и затоа е целта првин да се задоволат домашните потреби, рече Николовски.

Министерот смета дека ќе дадат резултати, како што рече, различните мерки за ѓубриво, за зелена нафта, земја за поддршка на земјоделците.

– Со поддршката на земјоделците за отежнатите услови или зголемените трошоци кои што ги имаат бидат компензирани од државата преку различен тип на мерки за ѓубриво, за зелена нафта, земја, дополнителна мотивирачка субвенција за сите оние што ќе остварат принос од 5.760 денари и развојни мерки сметам дека ќе дадат резултат заедно со ИПАРД кој што го почнуваме сега од кој заради успешните политики добиваме 62 проценти зголемен буџет, во ИПАРД 2 имаме 60 милиони европски пари а сега ќе имаме 97 милиони евра. Добивме одлука од Европската комисија. На крајот на годината очекуваме првиот повик во износ од 35 милиони евра за сите мерки да биде распишан, рече Николовски.

Back to top button
Close