Николовски: Сите кои имаат пензии над 20 илјади денари се оштетени со линеарното покачување

Ова нема никакво економско и социјално оправдување – тоа е чиста политичка одлука. Се немаат изјаснато врз основа на кои параметри имаат одлучено да биде зголемување двапати по 1000 денари. Треба да имаш параметри за да се објасни. Според некои показатели од економски експерти, сите кои имаат пензии над 20 илјади денари ќе бидат оштетени, а само 7,5% не, вели за „Локално“ лидерот на Партијата на пензионери, Илија Николовски за најавеното линеарно покачување на пензиите што го најави Владата. Според него, партијата има многу подобро решение – тоа е да се Законот за минимална пензија што значи дека минималната пензија ќе биде 70% од минималната плата, а просечната пензија да биде 60% од просечната плата.

-Со тоа јазот меѓу минималната и максималната пензија би се корегирал. Ние имавме пред претходното усогласување на пензиите – двапати по 2500 денари – јазот беше 1,7 во однос на двете пензии. Со зголемувањето двапати по 2500 денари, јазот се намали и сега имаме минимална во однос на максимална пензија 4,5%. Постигната е целта и според мене, ова сега нема ниту економско ниту социјално оправдување, па ниту правно, но Владата може да си донесе закон. Искуствата покажуваат дека на тој начин се нарушува стабилноста на Пензискиот фонд, истакнува Николовски.

Соговорникот потенцира има големо незадоволство кај пензионерите.

-Ги разбирам тие со минималните пензии и имам високо почитување за нив, меѓутоа пензијата не е социјална туку економска категорија. За социјалниот дел, државата е должна преку социјални пакети да обезбеди пристоен живот на сите граѓани, додава Николовски.

повеќе

 

Back to top button
Close