Николовски: ВМРО-ДПМНЕ го пљачкаат сопствениот народ, тие не се опција!

На секому му е јасно, сите знаат а тоа е потврдено и со анкети на јавното мислење, „Најдоброто“ е во СДСМ, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.

– Денеска анкета на „Брима“ потврди дека Најдоброто е повторно во СДСМ и затоа треба да се гордееме за се она што го правиме, затоа што го правиме чесно, искрено одговорно, со многу труд и посветеност во интерес на граѓаните. Денеска покажавме не на било која анкета, туку на анкета на Брима, дека СДСМ има водство пред ВМРО-ДПМНЕ и тоа водство се зголемува, дека заедно со коалицијата имаме сериозно водство, дека го имаме единствениот концепт кој нуди подобра иднина и за младите и за сите граѓани во оваа држава, посочи Николовски.

Генералниот секретар Николовски истакна дека за разлика од СДСМ која постојано се менува за подобро да им служи на граѓаните, од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

– Од друга страна го имаме истото ВМРО-ДПМНЕ со целокупната криминална структура во врвот на партијата. Партија која цели четири години не се реформираше, а Мицкоски пред некој ден вели завршија реформите во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека од таму нема ниту ќе има квалитетна понуда ниту на кадри и програми. Единственото нешто што од нив го видовме овие години беа само блокади и кочници на иднината на државата и на се што е добро за граѓаните. Беа против укинување на радиодифузна такса, против зголемување на минимална плата, против проектот Мој ДДВ, против поголема социјална помош, против, зелена нафта, затоа што тие се учени парите од граѓаните да ги вадат надвор од државата и да го пљачкаат сопствениот народ. Силно се спротивставивме на тие погубни политики и затоа довербата на граѓаните во СДСМ расте и затоа ВМРО-ДПМНЕ денес не е опција, затоа што оттаму, граѓаните не можат да очекуваат ништо ново, порача Николовски во Пробиштип.

Back to top button
Close