Николовски за извештајот на Фридом хаус: Потврда дека сме на вистинскиот пат

„Извештајот потврдува дека сме на вистинскиот пат, дека Северна Македонија се подобрува и излегува од периодот од 2017 година наваму, од ужасната состојба што оваа Влада ја има наследено и бележи постојан раст во делот на слободата и демократијата што е успешна приказна кој му е потребна на Балканот. Во Извештајот експлицитно се наведува дека левичарската Влада предводена од Зоран Заев ја поправа штетата нанесена врз институциите во претходниот период од десничарските популисти пред него. Извештајот целосно алармира генерално за падот на демократијата и лизгањето на многу системи кон авторитарност во регионот, притоа издвојувајќи ја Северна Македонија како успена приказна заедно со неколку земји. Извештајот е според односот на Владата кон институциите, медиумите, граѓанското општество, правосудството, локалното влдаеење и за оваа поставеност земјава бележи раст од 2017 до 2021 година во делот на демократското владеење – рече Николовски, посочувајќи делови од извештајот.
Според него сите препораки во Извештајот, но и забелешки се добредојдени и ќе бидат сериозно разгледани зашто се патоказ по кој треба да продолжиме да чекориме, додаде тој.