НИШТО ЛИЧНО
Од 50 полицајци, колкумина оправдуваат семејно насилство?
Тоа што новиот Државен обвинител Ненад Савески ѝ ги одзеде двата предмети што ги застапуваше обвинителката Ленче Ристоска против владејачката ВМРО-ДПМНЕ е за општо добро. Нели, премиерот Христијан Мицкоски минатата недела од собраниска говорница рече дека нема да се смири додека Савески не ги исполни неговите очекувања кои случаи да ги отвори и да расчисти со обвинителите од поранешното Специјално јавно обвинителство. Па Савески побрза да ѝ ги земе предметите на Ристоска. Да го смири Мицкоски. Не е од јавен интерес премиерот да ни е нервозен.
За волја на вистината, откако премиерот јавно му даде насоки, новоизбраниот Државен обвинител на новинарите им рече дека ако го почитуваат неговиот интегритет, неговите одлуки не треба да се нарекуваат политички.
„Никогаш не сум бил член на политичка партија“, рече Савески.
Па никој од обвинителите и судиите не е член на партија. Тие секогаш се само со партијата која моментално е на власт. Впрочем, членството во партија не е услов за да работиш како што од тебе очекува партијата на власт.
Ненад Савески рече и дека немал ништо лично против поранешната специјална обвинителка Ленче Ристоска. Да отстраниш од процес обвинителка пред крај на два судски процеса против владејачката партија, никако не е лична одлука. И тоа обвинителка за која владејачката ВМРО-ДПМНЕ со години викаше дека е „крај за Ленче Ристоска“.
Без нервози. Само смирено.
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК,МК






